(ВИДЕО+ФОТО) Ужасни детали околу смртта на 13-те деца во Русија

од Vladimir Zorba
83 прегледи

12-годишната Јулја до последен момент го држела рачето на братче пред водената стихија да ги раздели.

1466354949-111111 (1)

Медиумите во Русија продолжуваат да вадат на виделина ужасни детали од страшната трагедија во Сјамозере, во која загинаа 13 деца и еден возрасен. Меѓу спасените е 12-годишната Јулја. Девојчето успева да дојде до селцето Кудама откако се извадила од водите на езерото.
Во инцидент со два чамци во езеро во северна Русија, Република Карелија, децата падналет во водата. Повеќето од нив не можеле да преживеат во студените води на езерото и умираат. Во официјална информација од локалните власт, во неделата од кампот “Сјамозеро” двата чамци биле зафатени од бура во езерото. На брегот се вратил само едниот чамец, а втората се превртел.

Меѓу оние кои се спасиле, е и малалат Јулја. 12-годишното девојче е испратено воа детскиот камп заедно со братче.
До последен момент Јулја го стегала момченцето, но конечно водената стихија ги разделила.

Детето завршува на брегот, но таму паѓа во несвест и останало така неколку часа. Кога се освестила, тргнала да бара помош.

1466354952-111111
Премрзнатото дете е најдено од жител на селото. Тој дури не се сомневал каква трагедија тоа преживеало.
“Се држешее многу храбро, не молеше за ништо, не плачеше”, вели Александар.

“Во почетокот мислевме дека таа само е во заблуда, но кога раскажа што се случило, веднаш позвикавме полицијата, амбулантна, кренавме тревога. Оттаму властите го презедоа случајот. Оваа девојка е хероја, многу силно дете”, раскажува уште Александар , цитиран од life.ru.
Детето успева да му раскаже на мажот што точно преживеало.


“Како што разбрав, тие се качиле на чамец, но ги фатила бура. Додека водата не ги распрснала сите, а Јулја се договорила со својот брат дека ќе се состанат на брегот. Но бранот ги разделил, тој бил толку голем што ги разделил на два километри. Таа тргнала пеш, додека не стигнала до нас. додека беше дома, дојдоа соработници на полицијата и ја одведоа во кампот. Таму се сретнала и со својот брат “, раскажува уште Александар.

Всушност Јулја е причината при трагедијата да нема уште повеќе жртви. Како раскажале подоцна самите воспитувач од кампот, патот кон логорот бил исклучително тежок, некои од децата престојувале во ледената вода 4 часа. Брановите биле толку силни што буквално децата летале напред – назад.

Прв на помош се нашле соработниците на кучешко засолниште. Тие раскажуваат дека некои од децата биле на влакно од смртта од смрзнатини. Кога ги пронашле во една од месностите на островот, биле заспани и многу тешко ги разбудиле.
“Беше страшно, луѓето влегуваа внатре во водата, ги вадеа телата како на мртвите, така и на живите, некои викаа, други веќе немаа сили и само се тресеа, целите беа помодрени од студ”, раскажува Наталија Столјарова.

1466354955-222222

Според прелиминарните податоци токму бурата е причина за жестоката трагедија. На кадрите од местото се гледа дека таму и сега има силен ветер и големи бранови.

Мештаните откриваат дека ги предупредувале воспитувачите од кампот да не излегуваат во водата, но тие не обрнале внимание.

Во групата која тргнала кон езерото, имало 47 деца и четворица инструктори. Сите тргнале на марш во кампот на 18 јуни. За случајот веќе е обвинет за кривично дело, едниот од инструкторите, кој е уапсен.