(ВИДЕО+ФОТО) Државен удар во Турција: Над Анкара и Истанбул борбени авиони, се слушаат пукотници!

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Една мала група вооружени лица се обиделе да направат државен удар спрема Генералштабот на вооружените сили на Турција, иинформираат турските медиуми.

turska-vojska-foto-twitter-1468612477-950767 (1)

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим рече дека имало бунт против Генералштабот на Турските вооружени сили, пишува Анадолија.

“Такво нешто нема да биде дозволено. Оние кои се обидат ќе го платсат цехот од своите постапки. На сила ќе одговориме со сила, дадовме јасна команда”, рече турскиот премиер. binali-jildirim-premijer-turske-foto-ap-12052016-1463657741-909947 “Во прашање е „побуна„ према волјтата и демократијата. Тоа нема да го дозволиме. Ние нема да отстапимет од демократијата”, додаде тој. Тој посочи дека ова не е државен удар, туку побуна. Тој вели дека “забележа блокада на некои објекти од значење.” Безбедносните сили се активирани за да се реши оваа ситуација. Припадници на Министерството за внатрешни работи на Турција се повикани на должност во полн капацитет.

Тенкови се испратени до аеродромот Ататурк.

Очигледно, воен хеликоптер отворил оган во близина на седиштето на турската Национална разузнавачка служба. Забележително е дека има значително воено присуство на улиците. Исто така, на социјалните мрежи се тврди дека армијата го блокира Босфорскиот мост во Истанбул, но сега за сега непознати причини.

На социјалните мрежи, десетици луѓе се прашуваат што се случува во нивниот град. Сепак, досега никој нема одговор. Турскиот портал Заман пишува дека не постојат официјални изјави.