Најмалку 16 лица се повредени денеска при експлозија во магацин со пиротехничка опрема, во фабриката на оптичко-механичката фабрика Загорск, во близина на Москва.
Како што јави ТАСС, несреќата не е предизвикана од напад со дрон, туку одговорен е „човечки фактор“, а хангарот со површина од 1.600 квадратни метри кој го изнајмила приватна компанија на земјиштето на фабриката, бил уништен.
Агенцијата јавува дека од силината на експлозијата се скршиле стакла на неколку куќи во близина на фабриката.
Оптичко-механичката фабрика Загорск е водечки производител на оптички и електронски уреди што ги користат полицијата и здравствените работници, пренесува ТАСС.
Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia