Околу 500 луѓе се собраа вечерва во населбата Ексархија во Атина, која е популарно собиралиште на анархисти и место каде полицаецот Епаминондас Корконеас со на 6 декември 2008 година смртно го застрела 15 годишното момче Григоропулос.
Како што пренесува грчката агенција АНА, две лица се уапсени, а најмалку 10 се приведени.
АФТ наведува дека демонстрантите палеле канти со смет и автомобили, а полицијата употребила и солзавец.
Претходно 3.000 луѓе се собраа на плоштадот Синтагма протестирајќи поради насилство на полицијата. Грчките власти поради тоа се распоредија 5.000 полицајци на улиците во Атина.

Ни тој собир не помина без инциденти меѓу полицијата и група млади во кои полесно веше повреден еден турист.
Туристот е португалски државјанин, погоден е со камен во главата додека поминувал низ квартот Ексархија.
Инаку убиецот на момчето од пред 7 години е осуден на доживотен затвор.