Видеоигрите пристигаат на Facebook Messenger

од Vladimir Zorba
87 прегледи
Игрите се најпопуларните апликации на Apple AppStore и Google Play и редовно се во врвот на листите за заработка, па интересот на Facebook да ги вметне во својата апликација воопшто не треба да изненади. Но, тоа што ќе биде интересно е да видиме како во четот ќе ги интегрира игрите, кои веќе се присутни на друштвената мрежа.

Во моментов нема финален план за датата кога првите игри би се појавиле на Messenger, вели The Information. Потврда на шпекулацијата доаѓа и од Илја Сукар кој е задолжен за апликациите на Messenger платформата.

За сега на Messenger се достапно поедноставни апликации, додатоци за комуникација повеќе емотикони, испраќање на тонски записи, можност за испраќање на GIF и слично. Facebook пред неколку месеци кога ја најави Messenger платформата најави дека нема да има ограничивање на апликациите кои ќе можат да направат, а имплементирањето на видеоигри на платформата би можело да биде и дефинитивен доказ.

Неодамна Facebook додаде и можност за видео повици во Messenger, што го направи конкурентен на Skype, иако со 800 милиони мобилни корисници Facebook може да се пофали како лидер меѓу ваквите апликации.