(ВИДЕО)Кинески BYD Yangwang U8 со 1200 КС

од Vladimir Zorba
539 прегледи

BYD го претстави новиот Yangwang U8 Premium Edition во Кина. Теренецот ги следи стапките на стандардниот U8 и има изглед како Defender со тркала од 20 или 22 инчи. BYD не навлегува во многу детали, но можеме да ги видиме „лебдечкиот“ покрив, еднообразните рачки на вратите и октагоналниот капак на резервната гума.

Што се однесува до внатрешноста, BYD рече дека има екрани од 23,6 инчи за возачот и совозачот. Иако изгледаат многу помали од тоа, ним им се придружува 12,8-инчен инфозабавен систем портретски ориентиран. Можеме да го видиме и задниот инфозабавен систем со двоен екран и екран интегриран во потпирачот за рака во вториот ред.

U8 Premium Edition има Nappa кожни седишта и дрвени облоги Sapele. Според „Јутарњи“, ним им се придружуваат три брзи безжични полначи за паметни телефони, кровен прозор осветлен со ѕвезди и премиум аудио систем со 22 звучници.

Останатите карактеристики вклучуваат 70-инчен екран со зголемена реалност, седишта со функција „масажа со врели камења со матрица од 10 точки“, дифузер за мирис и фрижидер кој наводно може да работи 12 часа по исклучувањето на возилото.

Теренецот има четири електрични мотори кои произведуваат комбинирана моќност од 1.200 КС (883 kW). Ова му овозможува на моделот да забрза од 0 до 100 km/h за само 3,6 секунди. U8 има можност за брзо полнење со еднонасочна струја од 110 kW.

BYD рече дека батеријата може да се наполни од 30% до 80% за само 18 минути. Моделот има и домет од 1000 km.

Испораките започнуваат следниот месец, додека цените почнуваат од (пре пресметано) 140.377 евра.