(ВИДЕО)Крвава масовна тепачка на завојуваните хрватски навивачи групи „Бед Блу Бојс“ и „Торцида“

од desk3
96 прегледи

Вчера попладнето се случила масовна тепачка на хрватскиот автопат А1 кој ги поврзува Загреб и Сплит. Во големиот инцидент учествувале повеќе од 200 навивачи од двете завојувани навивачки групи „Бед Блу Бојс“ и „Торцида“.

Во близината на тунелот Свети Марко од Загреб пристигнале навивачите на Динамо кој вчера играше куп натпревар во Пула, додека „Торцида“ патувале во обратен правец за да го бодрат својот тим против Виноград.

Полицијата добила дојава за масовна тепачка од случајни минувачи во тој период на на автопатот. Додека пристигнале со неколку возила на местото нашле само искината облека, палки и многу крв.