(ВИДЕО) Мост во Балтимор се урна откако беше удрен од товарен брод

Бродот што го предизвика инцидентот би можел да биде контејнерскиот брод „Дали“ кој плови под сингапурско знаме, објави „Скај њуз“, цитирајќи податоци од веб-страницата MarineTraffic.

од Бети Божиноска
181 прегледи

Голем дел од мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор се урна вчера во реката Патапско откако бил удрен од товарен брод, потврдија властите во најголемиот град на американската сојузна држава Мериленд, пренесува !Асошиејтед прес“.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот, а на снимките објавени на „X“ се гледа дека неколку дела од мостот се спуштаат, а повеќе автомобили паѓаат во вода.

Засега нема извештаи за загинати или повредени, но се верува дека најмалку 20 работници паднале во реката по инцидентот.

Мостот „Френсис Скот Ки“ има четири ленти и е долг 2.6 км преку реката Патапско. Отворен е во 1977 година и служи како најоддалечен премин преку пристаништето Балтимор.

Транспортната управа на Мериленд соопшти дека сите ленти во двете насоки се затворени, а сообраќајот се пренасочува.

Директорот за комуникации на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт, потврди за Би-би-си дека мостот бил удрен од „голем товарен брод“ и делумно се урнал.

„Дури седум лица и неколку возила“ завршија во реката Патапско, истакна Картрајт.

Во посебен коментар за АП, Картрајт ја опиша ситуацијата како „настан во развој со масовни жртви“, велејќи дека е премногу рано да се утврди колку луѓе биле заегнати од инцидентот.

Тој додаде дека се чини оти „од мостот виси некаков товар или остатоци од мостот“, што им ја отежнува работата на спасувачитеи ги принудува да работат повнимателно.

„Ова е страшна вонредна состојба“, додаде Картрајт.

Бродот што го предизвика инцидентот би можел да биде контејнерскиот брод „Дали“ кој плови под сингапурско знаме, објави „Скај њуз“, цитирајќи податоци од веб-страницата MarineTraffic.

 

Слични содржини