„Меѓународната заедница не смее да молчи пред огромната хуманитарна трагедија којашто се случува во овие земји и драмата со огромниот број бегалци“, порача во неговата „урби ет орби“ (urbi et orbi – традиционален говор на благослов на папата за Велигден и Божиќ) во пораката на латински во главниот град Рим.

Папата силно се осврна на актуелните конфликти низ светот кои во моментов ги полнат насловите во медиумите. CNN пишува дека тој „силно го потсети светот на статусот на Ватикан како држава и неговата улога како морален дипломат“.
Папата се осврна на процесите за мир помеѓу Израел и Палестина, ја спомена и Либија, како и Украина, Јемен, Нигерија, Јужен Судан, масакрот на универзитетот во Кенија и други светски жаришта на конфликти и трагедии.