(видео)По Москва, паника и во Санкт Петербург

Според британскиот јавен сервис на руски, на интернет се појавуваат видеа од збунети луѓе кои го напуштаат трговскиот центар „Галерија“ во центарот на Санкт Петербург

од Бети Божиноска
352 прегледи

По ужасниот терористички напад во Москва, евакуирани се големиот трговски центар во Санкт Петербург „Галерија“ и центарор „Невски“, додека во Москва е евакуиран трговскиот центар „Вегас“, пренесува Би-би-си на руски цитирајќи го рускиот портал „Бел“.

Се уште не е јасно дали властите во Санкт Петербург добиле некакви инструкции или информации, но на социјалните мрежи кружат снимки од луѓето кои го напуштаат трговскиот центар, а причината се уште не е позната.

Според британскиот јавен сервис на руски, на интернет се појавуваат видеа од збунети луѓе кои го напуштаат трговскиот центар „Галерија“ во центарот на Санкт Петербург, а „Комсомолскаја правда“ објави дека се евакуирани и гостите на хотелот „Аквариум“, кој се наоѓа веднаш до „Крокус сити хол“ во Москва.

„Полицијата само што дојде кај мајка ми, која работи ноќна смена во самопослуга. Им било кажано да ја затворат продавницата со образложение дека терористите сега се некаде во Дедовска (дел од Московскиот регион)“, изјави очевидец за Би-би-си.

Слични содржини