(ВИДЕО)Почина Швеѓанка, брутално прободена од 15-годишен во бегалски центар

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Младата Швеѓанка, која беше прободен од 15-годишен имигрант во центар за сместување на бегалци, починала од повредите во болница, јави БиБиСи.

мигранти

Полицајци, пристигнале на местото на злосторството, и го опишуваат како “крвава сцена”, изјави портпаролот на истражните органи.  22-годишната жена која работела во засолништето во градот Молндал, била сама заедно со 8 малолетни имигранти, кога еден од нив ја избодел со нож. Тој е уапсен, а останатите од групата се распрашуваат.Премиерот Стефан Лев ја опиша случката како “ужасно злосторство”. Тој лично го посетил центарот за сместување на имигранти часови по убиството. Според зборовите на премиерот, многу Швеѓани се плашат дека ваквите напади можат да се случат повторно. “Сметам дека има многу луѓе во Шведска, кои се исклучително загрижени дека може да има уште вакви случаи, откако земјата прифати толку деца и млади кои доаѓаат сами да бараат азил”, рече тој. Во домот каде е извршено злосторството , се  сместени деца до 18-годишна возраст, кои не се придружувани од родителите или други возрасни.  Локално радио соопшти дека сместени во домот, кои се на возраст меѓу 14 и 17 години, ќе бидат преместени на друго место.

Вчера полицијата побрза да ги увери дека она што се случило нема карактер на терористичка закана. Сепак земјата мобилизираше дополнителни 4100 лица од безбедносните сили кои се борат против евентуалните закани. Само минатата година Шведска донела над 150 000 лица, баратели на азил. Заедно со Германија, таа е меѓу најпознатите во склопот  на дестинации во ЕУ.