Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави во Минхен за време на Конференцијата за безбедност дека мирната иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд за смирување на конфликтот во неговата земја може да се спроведе.
Порошенко изразил надеж дека новата мировна иницијатива може да помогне за “поголемата безбедност на Европа”, информира ТАСС. Претседателот на Европарламентот Мартин Шулц изразува уште поголем оптимизам. Пред конференцијата во Минхен тој наведува дека германската канцеларка и францускиот претседател излегле со “иницијатива за примирје во Украина од името на целата ЕУ”.
![]()
“Важно е дека Франција и Германија зборуваа не како претставници на своите држави, туку како делегати на целата ЕУ. Ова е иницијатива од името на цела Европа. Денес имам повеќе оптимизам отколку во последните денови”, вели Шулц.
По разговорите во Москва меѓу Владимир Путин, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, продолжиле околу 5 часа,соопшти прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој изјави дека “Русија, Германија и Франција подготвуваат текстот на евентуален заеднички документ,кој се базира на договореното во Минск”. Песков истакна дека доколку тоа се направи, ќе може “овој текст и овие предлози да бидат обезбедени на сите земји погодени од конфликтот”
