(ВИДЕО)Распеаните полицајци од Татарстан повторно се славни- Фатија дрога

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Познатите автомобилски инспектори од Алматевск, кои освоиле илјадници лајкови  со своите песни и танци, повторно го привлекоа  вниманието кон себе. Овој пат сепак сè е сериозно.На меѓуградски пат двајцата заплениле џип во кој била превозувана  голема количина на  дрога.

20150801.xsdlzwwpza

Патниците во белиот  Mercedes, самите си го  привлекоа вниманието кон себе. Но на  крајот со поддршка на борци од специјалните единици двајцата инспектори заплениле неколку десетици дози од забранетата  супстанца. Но само неколку дена порано Александар Коновалов и Илдар Фахретдинов станаа вистински личности.

Видеото  со нивна претстава едноставно го  крена интернет. Спотот во кој тие пеат и ексцентрично танцуваат во својата службена кола, веќе е гледан стотици илјади пати. Како стана јасно полицајците се враќале од службено патување и си пеат. Од раководството на Сообраќајната  служба во која служат двајцата распеани  инспектори, вети дека на офицерите нема да им биде досадно во иднина – по народното признание на талентот ги чека големата сцена. Имаат задолжение  да  се подготват  за 10 ноември, Денот на вработените во органите за внатрешни работи.