(ВИДЕО)Што ли тргна наопаку со оваа руска ракета?

од Vladimir Zorba
98 прегледи

За време на парадата во чест на денот на поморските сили на Русија во Севастопол патролни брод “Ладниј” се обиде да истрела една од ракетите, која се распадна и падна на неколку метри од бродот.

20150727.eksomtxpht

Аматерското видео објавено на YouTube, покажува како ракетата лета по погрешна траекторија и експлодира неколку секунди по лансирањето.За моментов нема официјален коментар за инцидентот од морнарицата. Нема извештаи за жртви при што се случило.
Според ТАСС, на парадата во Севастопол учествувале над пет илјади морнари, 30 брода, 35 авиони и хеликоптери.