(Видео)Тетката на Боби Кристина до роднините: Витни ќе вe гони и од гробот

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Погребот на Боби Кристина Браун, ќерката на пејачката Витни Хјустон, потона во хаос во саботата, откако  нејзината  тетка Леола Браун беше речиси исфрлена од церемонијата од актерот Тајлер Пери и  вербално напаѓана од Пет Хјустон. Таа беше рогонета и исвиркана  од црквата “Свети Џејмс” поради тоа што го прекина говорот на Пат  Хјустон, посветен на покојната Боби Кристина.

hqdefault.jpg3

Леола Браун отпочналa тирада против неа, велејќи дека “Витни Хјустон ќе го гони Пет Хјустон од гробот”.По спектакуларното избувнување на омразата меѓу семејствата Браун и Хјустон, Леола се свртела кон новинарите пред храмот, додека погребот на внука и продолжил внатре. “Ништо не е готово. Имаме докази за тоа каков е Пат Хјустон. Ова ќе е еден многу долг судски процес “, рече Леола која ја  води борба со семејството Хјустон за наследството од 20 милиони долари на Боби Кристина. “Работите се поврзани. Поставени се измамници. Таа не е Хјустон. Таа е Гарланд “.   Хјустон е поранешната менаџерка и снаата на Витни Хјустон.

Очевидци раскажуваат  дека погребот на 22-годишната Боби се одвивал мирно, а луѓето оддавале почит. Проблемите започнале кога Пат Хјустон почнала да зборува за Боби Кристина и Леола почнала да го исвиркува. “Таа ќе остане во нашите срца засекогаш. Многу е тажно дека така се случи. Бесна сум на Ник. Бесна сум од она што се случи. Сè беше нормално пред Пат да почне да зборува “, рече Леола по протерувањето од црквата. Пред избувнувањето на Леола беше соопштено дека членови на семејството Браун биле загрижени од тоа дека Пат Хјустон е замолила ужалените да не трошат  за Боби Кристина , а со парите да направат  донации за нејзината добротворна  организација. Пред тоа ужалените, меѓу кои беа добитничката на “Греми” и пејачка Моника и актерот Мајкл Џеј Вајт, се собраа во црквата Алфарета во Атланта, за да се простат со Боби Кристина – единственото дете на пејачката Витни Хјустон и аренби пејачот Боби Браун.Потоа нејзиното тело беше однесено со катафалка до “Свети Џејмс”, која беше придружуван од полициски кордон. Во црквата, каде беше поставен ковчегот со телото, беа вклучени луѓе само со претходна покана. Околу храмот беа преземени дополнителни мерки за безбедност.

Меѓу дојдените се издвојува  недостаток на пријателот на Боби Кристина Ник Гордон, кој ја најде во несвест во кадата во домот и пред речиси шест месеци. Наводно, на Гордон му било кажано дека нема да се чувствува добредојден на погребот.