ВИДЕОТО ОД АЕРОДРОМOT ВО КАБУЛ КОЕ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Бебето што беше префрлено преку бодликава жица е повторно со својот татко

од Nikola Popovski
255 прегледи

Бебето од видеото, кое го сними активистот за човекови права Омар Хајдари на меѓународниот аеродром во Кабул, и кое го обиколи светот, повторно е со својот татко, објавија американските маринци.

Бебето, како што може да се види на видеото, е предадено на американскиот маринец преку висок ѕид и леплива жица за време на хаотичните сцени за евакуација на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, пренесува Independent.

Сега, според американските маринци, бебето е со таткото и е безбедно на аеродром.

Претставници на американскиот марински корпус вчера потврдија дека на снимката се гледа како припадник на 24 -та поморска експедициона единица зема дете.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Слични содржини