192
Турската полиција денеска во Истанбул приведе Украинец кој се обидел да се самоубие во знак на протест поради војната во неговата земја.
Поранешниот украински полицаец А.А.И. ја поминал заштитната ограда на надвозникот на тунелот Таксим во центарот на Истанбул и се обидел да се самоубие во знак на протест против војната, јавува агенцијата Анадолија.
Полициски екипи го запреле сообраќајот, а пожарникарите превентивно поставија голем душек под надвозникот.
Мажот на англиски извикал „Стоп за војната“, а очевидци тврдат дека бил видно под дејство на алкохол.
По тричасовна интервенција, Украинецот бил симнат и приведен.