Во ексклузива на НТВ се покажа снимка од камерата за надзор, која ја регистрирала несреќата со автомобилот на Михаил Горбачов во руската престолнина Москва. На снимката се гледа како автомобилот на моторизираната придружба на претседателот на СССР дава предност на друго возило.
Автомобилот во кој се наоѓал првиот претседател на СССР Михаил Горбачов, е удрил во Москва.Според првичните податоци самиот Горбачов не беше повреден. Веднаш по несреќата на местото пристигнала друга кола, во која тој бил сместен и е изнесен , без да има потреба од лекарска помош. Самиот Горбачов призна за несреќата, но истакна дека таа не му предизвикала никакви непријатности, нешто повеќе – дури и не морале да го менува распоредот за денот. “Ништо сериозно не се случи, само колата ги поднесе полседиците дури ни возачот не ми настрада. Со мене патуваше уште офицерот мојот телохранител , тој остана да ја среди со ситуацијата. Јас продолжив со патувањето со друг автомобил. Не знам кој е виновен за несреќата “, признава Михаил Горбачов.
