Видевски го сменил исказот, негира вина за убиството на Вања и Панче, Судот му ја одби жалбата

од Milan1

Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на велешанецот Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој денеска за разлика од претходното сведочење негирал, дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Тој во жалбата изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, барал притворот да му биде заменет со домашен притвор, бидејќи, како што истакнал, не бил инволвиран во грабнувањето и во убиството на Вања и на Панче.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 29.05.2024 година по повод жалбата од обвинетиот Б.В. во предметот познат во јавноста како ‘Убиството на Вања Ѓорчевска’, изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, против решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ- 417/24 од 30.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе решение ВКЖ1-23/24 од 29.05.2024 година, со кое жалбата е одбиена како неоснована и обжаленото решение во целост е потврдено“, се наведува во соопштението од Врховен суд.

Велешанецот Боре Видевски е еден од петтемина осомничени, од кои тројца се товарат за соизвршителство во тешките кривични дела две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело.

Видевски денеска негирал вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Слични содржини