Во една врска недоразбирањата и конфликтите се неизбежни. Но постојат некои видови скандали кои би можеле да ја превртат колата и да ги пропаднат односите. Можеби не веднаш, но со акумулација на тензиите работите ќе излезат од контрола.
Решавањето на проблемите
Секој има свој начин за решавање на проблемите. Најголемите недоразбирања доаѓаат оттаму, ако и двајцата сте со силни карактери и двајцата мислите дека вашиот начин е вистинскиот.
Затоа решавањето на различни проблеми во врската или во секојдневието може да биде камен на сопнување.
Задолженија
Распределбата на домаќинските задачи често е проблем. Обично мажите сметаат дека тоа е женска работа и не оставаат ништо на понежните половини. Трпението на дамите се исцрпува и настапуваат постојано скандали, кавги за чистењето, фрлањето ѓубре, шопинг, воопшто сè што е поврзано со управувањето на домаќинството.
Сексот
Сексот не би требало да е повод за скандал, токму спротивното – за пријатни искуства. Но, за жал, може и да е повод за пропаст во односите. Не сите парови можат да пристапат мудро и со разбирање, кога на едниот партнер едноставно не му се прави секс. Повеќето пати тоа е повод за влошување на односите и оддалечување на партнерите.
Самодоверба и самоевалуација
Многу е лошо кога двајцата партнери не се на слично интелектуално ниво. Некогаш јазот меѓу двајцата почнува да се зголемува. Почнуваат споредби со други луѓе, се делат поуки, настапува потценување и навредливо однесување од страна на едниот партнер. 
Можете да замислите колку погубно е тоа за врската.
Комуникацијата
Колку и чудно да звучи, комуникацијата може да се покаже како повод за конфликти. Ако таа отсуствува, значи и комуникацијата ја нема. Ако комуникацијата е исполнета со навреди и потсмев, тогаш очигледно крајот на врската приближува. Ако комуникацијата е скудна и сиромашна на споделени информации, чувства и намери, тогаш едниот партнер може да се почувствува изолиран. Ако и двајцата не ја споделувате особено, тогаш замислете си што одржувате всушност во вашата врска.