171
Во Виена денеска стапува во сила нов пакет мерки поврзани со движењето на електричните тротинети по улиците.
Компаниите што ги даваат овие возила за изнајмување мора да ги исполнуваат релевантните технички услови – возилата мора да бидат опремени со трепкачи, регистарски таблички, со звучен предупредувачки сигнал, две сопирачки, стабилен држач и QR код.
Однесувањето на возачите, паркирањето на електричните тротинети и нивната техничка опременост ќе се контролираат на ист начин како и другите возила.
Се разговара и за забраната за носење тротинети во јавниот превоз, како што налагаат актуелните прописи во Лондон, Барселона и Берлин.