„Вијести“: Абазовиќ го чуваат специјалци, ангажирано и блиндирано возило

од Nikola Popovski
294 прегледи

Епилогот од последната криминална конфронтација, во кој беше убиен Зоран Ашанин во Мојковац, е апсењето на осомничениот и соучесник и сознанието на полицијата дека членовите на криминалниот Кавачки клан планирале да го убијат црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, поради неодамнешното апсење на еден од нивните наводни шефови, Слободан Кашчлена, пишуваат „Вијести“.

Абазовиќ од вчера го чуваат специјалци, а сè што е поврзано со оваа криминална пресметка и заканите кон него, тој не сакал да коментира, наведува подгоричкиот портал.

Порталот додава дека во делот на наводната пресретната комуникација полицијата открила дека уапсениот Горан Пантовиќ (43) во разговор со член на криминалниот Кавачкиот клан рекол: „Кога ќе го убиеме (Зоран) Аганин, тогаш ќе го довршиме и (Дритан) Абазовиќ затоа што ни го уапси газдата“.

Комуникацијата, наводно, ја поседува полицијата, а планот за ликвидација на Абазовиќ наводно им го признал на инспекторите и еден од уапсените од таа организација.

Според неофицијални информации на „Вијести“, по информацијата за можна закана од координаторот на безбедносните служби, Абазовиќ во неделата експресно бил дислоциран од Херцег Нови, каде бил во официјална посета.

Слични содржини