155
За време на викендот ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер. Утре на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег, најавуваат од Управата за ходрометеоролошки работи.
Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите наместа ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Времето денеска претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и тивко, со температура до 8 степени.