Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

од Milan1

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06 и 02.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, се вели во соопштението од Град Скопје

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, порачаа од Град Скопје

Слични содржини