Од денес Романија, Бугарија и Србија имаме заедничка стратегија, така нашите три гласа ќе бидат слушнати подобро заедно, отколку одделно. Тоа, рече романскиот премиер Виктор Понта по средбата со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и премиерот на Србија, Александар Вучиќ, пренесе “Фокус”.
“Ако се погледне мапата, Бугарија, Србија и Романија претставуваат влезната врата на Европа од нашиот регион. Треба заедно и заеднички да дејствуваме, како и со сите други европски држави. Позицијата на трите земји, кои сме најважни во овој регион, треба да се одржува на европско ниво “, изјави Понта.
“Сметам дека е точно како што вели и премиерот Бојко Борисов, треба да имаме стратегија за тоа што ќе правиме во блиска иднина, не се случува ништо само со состаноци и изјави”, појасни Понта.
“Од денес трите држави имаме заедничка стратегија и тоа е многу важно. Ако денес зборуваме за кризата со мигрантите, тогаш ние, трите држави, сакаме да имаме и заедничка стратегија и за енергетика, Шенген зона. Така нашите три гласа ќе бидат слушнати повеќе заедно отколку одделно “, посочи тој.