Иако со години е во брак со поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, со кој имаше четири деца, Викторија претходно веќе била верена.
Додека била членка на групата „Спајс грлс“, нејзиниот менаџер ја запознал со фудбалерот и заедно се 23 години. Сепак, тој не е нејзината прва голема љубов.
Имено, Викторија била многу вљубена во локален електричар, па дури и се верила со него.
Се запознале кога тој дошол да ги постави алармите во нејзината куќа и биле заедно шест години. Иако врската завршила, Викторија никогаш не сакала да му го врати вереничкиот прстен.
„Тоа не беше вистинската личност за мене, не уживав, па мораше да заврши“, изјави своевремено Викторија Бекам.
Да потсетиме, Дејвид и Викторија се запознале во авион кога тој ѝ го оставил својот телефонски број на салфетка. Во една прилика, модната дизајнерка откри дека таа салфетка се уште ја чува.