Викторија Бекам на својот профил на Инстаграм во саботата, 20 март, ден кој ООН го прогласи за Ден на среќата во 2013 година, објави неколку стари и нови фотографии на кои се смее.
Таа напиша: „Еве доказ дека се смеам“.
Неодамна, во интервју таа откри дека најлошо прашање кое некој може да ѝ го постави е „Зошто никогаш не се смееш“?
„Не знам, веројатно се смеам во себе. Мислам дека би изгледала навистина глупаво ако постојано шетам насмеана. Претпоставувам дека сум сериозна затоа што имам одговорност кон модната заедница“, изјави сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам.