Викторија Бекам има 163 цм и 48 кг, а ова се нејзините оброци веќе 25 години

од Nikola Popovski
126 прегледи

Викторија Бекам, британска дизајнерка и поранешна членка на групата „Спајс грлс“, го достигна врвот на славата пред триесетина години, а подоцна стана модна икона и сопруга на познатиот фудбалер Дејвид Бекам.

Нејзината витка линија отсекогаш била предмет на интерес на јавноста, а нејзините модни изданија се коментираат со истиот ентузијазам како на почетокот на нејзината кариера.

Во едно од нејзините интервјуа, познатата ѕвезда откри дека е висока 163 сантиметри и тешка 48 килограми, а она што речиси сите ги интересира е со што се храни кога апсолутно никогаш не се здебелува.

Бекам еднаш откри дека неговата сопруга ја практикува истата исхрана веќе 25 години и на тој начин ја одржува својата завидна фигура. Нејзината исхрана претежно се состои од риба на скара и зеленчук на пареа.

Појадокот на Викторија Бекам

– Секое утро прво пијам три лажици јаболков оцет, потоа шолја топла вода и лимон и уште кафе – изјавила таа за Нет-А-Портер.

Обожава и смути, а за најдобро да и започне денот сака комбинација од јаболка, лимон, киви, спанаќ, брокула и чиа семе.

Ручекот на Викторија Бекам

Нејзиното омилено овошје е авокадото, па затоа јаде по неколку – три до четири – секој ден, а истакнува дека авокадото е одговорно за нејзината здрава кожа.

Исхраната на Викторија е богата со свежа риба и морски плодови во кои ужива, а во 2018 година за едно јадење коментирала дека тоа е јадење што ќе и го промени животот. Се работи за варени ракчиња натопени во текила и лимета, па ако не сте ја пробале – еве ви шанса.

Вечерата на Викторија Бекам

Традиционалните тестенини, како шпагети, нема да се најдат на нејзината трпеза, бидејќи ги заменила со тиквички, па за вечера јаде ракчиња со шпагети од тиквички.

Дали Викторија Бекам јаде грицки?

Не, нема такво нешто на нејзиното мени. Наместо тие нездрави намирници, кога сака да грицка, практикува да јаде здрави семки.

Нејзиниот избор е мешани семиња натопени со органски аминомини кои се безглутенска алтернатива за соја сос.

Дејвид и Викторија Бекам денес се еден од најпознатите парови во светот, но и пар со најдолг заеднички стаж, а заедно се од 1999 година и имаат четири деца.

Слични содржини