Викторија Бекам ја отстрани тетоважата посветена на Дејвид, откри и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Викторија Бекам отстрани тетоважа посветена на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, а овој нејзин чин веднаш привлече огромно внимание во јавноста.

Бидејќи оваа тетоважа беше на зглобот, сите што ја следат Викторија забележаа дека таа повеќе ја нема, па веднаш почнаа шпекулациите за можниот љубовен крах на славната двојка.

Сепак, тоа не е случај, па Дејвид и Викторија функционираат хармонично како и претходните години. Имено, дизајнерката сега откри зошто се одлучила на овој чекор, а причините не се ни блиску до она што многумина го претпоставуваа.

„Овие тетоважи ги имам долго време и едноставно не беа баш деликатни“, рекла Викотрија, истакнувајќи дека нејзиниот сопруг и синовите се прекриени со „прекрасни“ тетоважи.

„Моите беа само малку предебели и едноставно не беа толку убави. Не изгледаа толку убаво“, продолжи таа и додаде дека не го оставила сопругот, туку само ѝ било „смачено“ од тие тетоважи.

Слични содржини