Викторија Бекам јаде исто јадење веќе 25 години: Со Дејвид само еднаш делела оброк

од Nikola Popovski
641 прегледи

Викторија и Дејвид Бекам имаат четири деца заедно, делат замок од 31 милион фунти во Лондон, раскошен живот, но не и храна. Според познатиот фудбалер, поранешната Пош Спајс само еднаш јадела исто како него, а тој момент го носи во исклучително убав спомен.

Кога решил јавно да ги открие овие детали, истакнал дека таа веќе 25 години го јаде истиот ручек – риба на скара и варен зеленчук на пареа. Таа ретко отстапува од тоа, но секогаш максимално ужива, иако на другите им изгледа монотоно.

„Кога се во прашање храната и виното, јас сум многу емотивен. Кога нешто ми се допаѓа, сакам сите да го пробаат“, рекол Дејвид во подкастот „River Cafe Table 4“ и додал:

„Меѓутоа, јас сум во брак со некој кој јаде исто 25 години, за жал. Од кога ја познавам, секогаш има печена риба и варен зеленчук на нејзината чинија. Речиси никогаш не отстапува од тоа“.

Тој раскажал и како тие само еднаш го поделиле оброкот.

„Кога беше бремена со Харпер, зема малку храна од мојата чинија, добро се сеќавам на тоа. И тоа само еднаш. Тоа ми беше нешто… Неверојатно. Но, оттогаш, никогаш повеќе“, рекол Бекам, пренесува „Мирор“.

Слични содржини