354
Викторија и Дејвид Бекам летуваат во Хрватска со своите деца, а според тамошните медиуми, познатата двојка престојува во луксузниот комплекс Lopud 1483 во Лопуд.
Таму го прославија и 11-от роденден на својата ќерка Харпер, а на Инстаграм објавија фотографија од прославата.
Дубровнички весник пишува дека пред комплексот Лопуд 1483 има и обезбедување. Тоа е поранешен францискански манастир што го обновила грофицата Франческа фон Хабсбург и денес е една од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина.
Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра.
Познатиот пар неодамна посети ресторан на островот Шипан.