Викторија и Дејвид Бекам загрижени за најстариот син

од Elena Daskalova
379 прегледи

Британската популарна двојка Викторија и Дејвид Бекам не ја кријат загриженоста поради репутацијата „сериски заводник“ која ја доби нивниот најстар син, откако пред кратко време ја прекина врската со Хана Крос и беше поврзан со три различни жени.


Пред да ја започне врската со, денес веќе бивша девојка Хана, Бруклин наводно имаше тајна врска со 21 годишната Лоти – полусестра на легендарната британска манекенка Кејт Мос.
Извор близок на Бекамови во разговор за британскиот таблоид „Сан“ изјави дека Викторија и Дејвид не се импресионирани со љубовниот однос на Бруклин и Лоти.
– Дејвид и Викторија искрено се загрижени поради неговата репутација споредувајќи ја со онаа на британската ТВ личност Кејлум Бест. Сето ова стана срамно за Дејвид и Викторија, вистински кошмар – открива изворот.
Бруклин и 21годишната Лоти Мос, која во последниве години тргна по стапките на славната сестра и почна да работи како моделка, пријатели се неколку години, а сите знаат дека нивната врска не е сериозна.По кратката љубовна афера со синот на Бекамови, Лоти стана блиска со неговата бивша девојка Хана. Минатиот месец Бруклин љубовно беше поврзуван со пет години постарата актерка Фиби Торанс, а истиот месец покасно ги полнеше медиумските написи со наводната врска со 21 годишната канадска актерка и ѕвезда на социјалните мрежи Натали Ханзорн, со која беше виден на една забава во Лос Анџелес.
Пред врската со Хана, Бруклин имаше долгогодишна врска со 22 годишната американска актерка Клои Грејс Мортез.

Слични содржини