„Викторија и Никола не се поднесуваат“: Откриена причината за заладување на односите

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Заладувањето на односите помеѓу Викторија и нејзината снаа Никола не стивнува, па сега се шират гласини дека тие не разговараат и навистина не се поднесуваат.

Странските медиуми пишуваат дека Викторија Бекам и нејзината снаа Никола Пелц се во „војна“.

Page Six наведува дека Викторија не е задоволна од изборот на нејзиниот син и додава дека Никола не ѝ дозволила да се вклучи во планирањето на венчавката.

„Тие не можат да се поднесат и не разговараат. Планирањето на венчавката протече во ужасна атмосфера“, рекол извор близок до семејството за Page Six.

„Никола не сакаше нејзината идна свекрва да има никаква врска со планирањето на венчавката и не сакаше да ја вклучи во ништо. Комуникацијата беше минимална“, рекол истиот извор, додавајќи дека ниту Викторија ниту Дејвид не зборувале многу со Бруклин во изминатите неколку месеци.

Page Six пишува дека можната причина за несогласувањата е тоа што Никола е љубоморен на вниманието кое Викторија секогаш го добива и не сакала истото да се случи на денот на нејзината венчавка.

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа оваа година во Палм Бич, Флорида. Венчавката се одржала на имотот на семејството Пелц, а за неа наводно биле потрошени 27 милиони.

Слични содржини