Вил Смит: На 50 години сфатив дека парите не можат да ме усреќат

„Првата половина од мојот живот беше собирај, собирај, собирај, втората половина од мојот живот ќе биде давај, давај, давај“, рече тој.

од Бети Божиноска
256 прегледи

Американскиот актер Вил Смит (55) изјавил дека на 50 години сфатил оти парите не можат да го направат среќен.  Актерот, чие богатство се проценува на 350 милиони долари, во интервју за магазинот „Комплекс“ изјавил дека е некој што „имал пари, изгубил пари, па повторно ги имал, повеќе отколку што можете да замислите.“

„Првата половина од мојот живот беше собирај, собирај, собирај, втората половина од мојот живот ќе биде давај, давај, давај“, рече тој.

Според него, кога мажот ќе наполни 50 години, нешто се менува.

„Но, се случува да сфатите дека ништо од тоа не може да ве направи среќни“, продолжи Смит.

Тој вели дека кога купувате се што сакате и нема буквално ништо што сакате да купите, ништо материјално не може да ве задоволи. Актерот додаде дека неговите неодамнешни финансиски успеси му дале можност да размислува за својот живот на духовен начин.

„Јас сум во фаза од животот што всушност може да биде страшна. Кога ќе сфатите дека нема врска, нема пари, нема деца – буквално ништо не може да ве направи среќни. Среќата е внатрешна работа, мора да бидете среќни овде“, Смит рече, покажувајќи на своето срце.

Слични содржини