Актерот Вил Смит, познат по улогите во филмовите „Луѓе во црно“, „Ден на независноста“ и многу други, изјави дека откако се разделил од сопругата во 2011 година, длабоко во џунглата испил психоактивна ајахуаска, која предизвикала многу живописни визии.
„Во моите околу 50 години живот на оваа планета, ова е убедливо најдоброто чувство што сум го доживеал“, рекол холивудскиот актер Вил Смит откако пробал ајахуаска.
Смит вели дека пиел силен халуциноген чај дури 14 пати во Перу, поради кој „пловел длабоко во вселената“. Тој дошол во Перу за да најде шаман кој ќе му помогне да го поправи нарушениот брак со неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
„Бев трилиони светлосни години од Земјата“, рече Вил во пасус од неговите нови мемоари ревидирани од „Њујорк пост“. Во неговите осум психоделични искуства, тој почувствувал „невидлива жена“ која ја нарекол „мајка“.
„Сигурен сум дека никогаш нема да ме остави“, напиша тој.
Смит е во брак со актерката Џејда Пинкет Смит од 1997 година и имаат две деца, но се во отворена врска и двајцата се гледаат со други луѓе.
Тој го започна експериментот со ајахуаска откако парот накратко раскина по 40-тиот роденден на Џејда.
Смит организираше раскошна тридневна роденденска забава која вклучуваше документарен филм за нејзиното семејство, слики од нејзините омилени уметници и раскошна вечера која заврши со настап на Мери Џеј Блајџ.
Но, Џејда ја нарече забавата „најодвратното его шоу што сум го видела во животот“ и му рекла да ги откаже преостанатите планови за викендот.
Смит во своите мемоари вели дека тогаш и рекол: „Се откажувам. Се откажувам од обидот да те направам среќна. Готово е – ти оди и биди ти, а јас ќе бидам јас“.
После тоа, 53-годишниот Смит отпатувал во Јужна Америка на неколку ритуали на ајахуаска, иако никогаш претходно не ни пушел марихуана, ниту пиел многу.
Ајахуаска е пијалок направен од екстракт од лист од растението Psychotria viridis и стеблото на растението Banisteriopsis caapi. Црвеникаво-кафеавиот пијалок има силен вкус и мирис и со векови го користеле луѓето од Перу, Бразил, Колумбија и Еквадор за религиозни, ритуални и терапевтски цели.
Во последниве години, западњаците кои бараат алтернативна терапија беа привлечени од шамански церемонии кои се многу модерни и на одредени општествени сцени во Њујорк, Калифорнија и Лондон.
Според Фондацијата за алкохол и дрога, активните хемикалии во ајахуаската можат да го променат размислувањето, чувството за време и емоциите на една личност, а исто така да имаат халуцинации. Голтањето на пијалокот често е придружено со непосредно повраќање, проследено со интензивни „патувања“.
Во своите мемоари тој напишал за новата визија за себе и за светот: „Ако сум толку добар, не ми требаат најгледаните филмови за да се чувствувам добро. Ако сум толку добар, не ми треба хит албуми за да се чувствувам достоен за љубов. Ако сум толку добар, не ми треба Џејда или некој друг да ми го потврди тоа“.
Оваа отворена исповед е во спротивност со неговите размислувања во помладите години, кога правел се со цел да стане најголемата филмска ѕвезда во светот.