Вилијам го прослави денот на татковците со своите три деца (ФОТО)

од Берта Китинска

Војводата и војвотката од Кембриџ на Инстаграм го честитаа Денот на татковците со фотографија која ги разнежни обожавателите на британското кралско семејство.

Гордиот татко принцот Вилијам позираше со своите деца принцезата Шарлот (7) и принцовите Џорџ (8) и Луис (4), а сите се смееја од уво до уво за фотографијата.

Со оглед на тоа што јавноста нема често можност да ги види така опуштени, фотографијата веднаш стана хит и за краток период собра стотици илјади лајкови.

„Среќен ден на татковците на сите татковци и дедовци ширум светот“, напишаа покрај фотографијата на нивниот официјален профил.

Слични содржини