Вилијам и Хари остварија телефонски разговор, ЌЕ СЕ СООЧАТ за прв пат по СКАНДАЛОТ!

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Принцот Хари пристигна во Лондон да присуствува на погребот на принцот Филип. Вниманието на јавноста сега е насочено кон кралското семејство, бидејќи ова е прв собир, откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го обвинија кралското семејство за расизам.

Хари слета пред неколку дена, но е во изолација. Според британските медиуми, браќата принцот Хари и принцот Вилијам разговарале по телефон и се согласиле дека оваа недела е резервирана за погребот и сè што оди со тоа и дека ќе ги остават настрана несогласувањата, а кралицата се надева дека ова е можност за повторно обединување и помирување на сите членови на семејството.

Кејт Мидлтон е таа што ќе посредува браќата да се смират, бидејќи, како што велат извори блиски до семејството, таа е некој што избегнува тензии и конфликти.

Погребот ќе се одржи во сабота, кога браќата ќе се видат за прв пат по некое време.

Слични содржини