Вилијам и Хари открија споменик на принцезата Дајана во Лондон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Британските принцови Вилијам и Хари го открија споменикот посветен на нивната мајка принцезата Дајана, на денот кога ќе го прославеше својот 60-ти роденден.

Помала церемонија се одржа во палатата Кенсингтон во Лондон, а статуата на принцезата Дајана беше нарачана од нејзините синови во 2017 година.

Принцовите Вилијам и Хари во изјавата денес посочија дека на 60-тиот роденден на принцезата Дајана, тие се сеќаваат на нејзината љубов, сила и карактер – доблести што ја направија сила за добро во светот и што промени многу животи на подобро, објави „Скај њуз“.

„Секој ден сакам таа да продолжи со нас и се надеваме дека на статуата секогаш ќе се гледа како симбол на нејзиниот живот и нејзиното наследство“, рекоа синовите на покојната принцеза од Велс.

Британските принцови се сретнаа денес за прв пат по погребот на нивниот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, во април.

Палатата Кенсингтон соопшти дека статуата, на која е прикажана принцезата Дајана со три деца, ја отсликува нејзината „топлина, елеганција и енергија“, како и универзалноста и влијанието на нејзината работа врз многу генерации.

Статуата се наоѓа во градината на палатата, која беше едно од омилените места на принцезата Дајана и во која се сместени повеќе од 4.000 видови цвеќиња.

Слични содржини