1,5 милиони евра отштета сакаат адвокатите на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од француското списание Closer, кое објавило разголени фотографии на сопругата на британскиот престолонаследник.
Папараци ги уловија војводите на Кембриџ за време на одморот во приватна резиденција во Прованс, југоисточна Франција. Случајот е од 2012 година. Сликите не се со многу добар квалитет, иако фотографите користеле теле-фото објектив, но сепак фотографиите се правени без знаење на кралската двојка.
Случајот се води во Париз, а обвинети во него се претставник на списанието и двајца фоторепортери. Тие се одговорни за кршење на приватноста. Адвокатите на кралската двојка побараа надомест во износ од 1,5 милиони евра.
Фотографите одрекле дека се автори на предметните слики, а во судот принцот Вилијам во писмено обраќање, преведено на француски коментира дека ваквите фотографии биле шокантни за неговото семејство, особено откако и мајка му, покојната принцеза Дајана, водела битка со папараците и слично новинарство.
Судот ќе пресуди на 4 јули.