246
Војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт му го честитаа 72-от роденден на принцот Чарлс, преку објава на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си.
Порака со добри желби беше објавена на Твитер и Инстаграм, додека во случај на нормална ситуација, без пандемија Ковид-19, роденденот ќе се славеше со истрели од Грин Парк, лондонскиот замок и други делови од земјата.
Принцот Чарлс на почетокот на март објави дека се разболел од коронавирус и бил во самоизолација во Шкотска седум дена, со лесни симптоми на болеста. Војвотката од Корнвол, Камила, беше негативна во однос на коронавирусот и изолирана 14 дена.
Претходно овој месец, извор од Палатата за Би-Би-Си потврди дека принцот Вилијам имал Ковид-19. истовремено со неговиот татко.