Вилијам Леви ја изневерил сопругата со 80 жени, еве како реагирала таа на сето тоа

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Американскиот актер со кубанско потекло, Вилијам Леви, се стекна со титулата миленик на жените штом за првпат се појави во светот на шоу бизнисот, прво како модел, а потоа и како актер во теленовели.

Оваа 40-годишна ѕвезда од серијата „Внимателно со ангелот“ веќе неколку пати беше прогласувана за најсекси маж на светот, а пред неколку години доби уште една титула – најголем прељубник.

Актерот и неговата сопруга Елизабет Гутиерез се запознале пред 19 години, а љубовта ја овековечиле во 2006 година со своето прво дете, а потоа во 2010 година со второто. Меѓутоа, со текот на годините на површина излегоа разни афери на латино заводникот.

Во еден момент локалните медиуми пишуваа дека Вилијам ја изневерил сопругата со дури 80 жени. Тоа никогаш не е потврдено, односно актерот никогаш не се огласил во врска со тие тврдења, а неговата сопруга во меѓувреме му простила за се.

Тие редовно објавуваат заеднички фотографии на нивните Инстаграм профили и оставаат впечаток на многу среќно семејство.

Слични содржини