Виндоус 10 со бројни новини истече во Мрежата

од Vladimir Zorba
86 прегледи
Само неколку дена по најавата на Мајкрософт за одложување на уште една тест надградба на Виндоус 10 Техничката верзија, во Интернет протекоа нови подобрувања со сериски број 10036 на предметната прелиминарната верзија на новиот оперативен систем. Тие може да се најдат во голем број на сајтови, а интересно во неа е дека носи голем број на новини во корисничкиот интерфејс и функционалноста на платформата.Windows10_OneStore
Едно од овие нови нешта е пример „Старт“ менито кое во овој „билд“ е транспарентно. Освен тоа Мајкрософт тестира нов кориснички интерфејс за ви-фи конекции, а програмерите додале и некои подобрувања во функцијата за виртуелните работни површини (корисниците на Вин 10 на пример сега можат да ги пренесат апликациите од еден виртуелен десктоп на друг).
Новина се и преработените пиктограми на апликациите, меѓу кои има и прилично чудна нова слика на „корпата за ѓубре“.
Се очекува дека во наредните недела-две софтверскиот гигант ќе претстави нова важна обнова на техничката верзија на Виндоус 10, што ќе го вклучува и новиот прелистувач, познат со кодното име Проџект Спартан.