Виндоус 10 за смартфони ќе биде достапна од 4 февруари

од Vladimir Zorba
119 прегледи
Мајкрософт веќе ги демонстрираа можностите на новата платформа Виндоус 10 и им дозволија на корисниците да ги испробаат можностите на техничката верзија, за да се запознаат сами со подобрувањата во неа. Додека сите ја очекуваме официјалната премиера, сега дознаваме интересни детали за мобилната платформа. Од НокиаПауерЈузер не информираат дека таа ќе биде достапна уште утре, бидејќи „привју“ верзијата ќе може да се повлече на4 февруари.
Microsoft-windows10
Сеуште не знаеме кои сегашни смартфони и таблети на пазарот ќе бидат ажурирани прво кон ВинФоун 10 ОС. Корисниците ќе можат да го приспособат почетниот екран со нови интерактивни икони, да го користат својот глас за да внесат текст, како и да работат со изменетиот интерфејс на универзалните апликации на Мајкрософт. Компанијата исто така ќе вклучи поддршка за музички датотеки во формат ФЛАК и имаат развиено целосно нов систем за известувања.
Треба да видиме дали Мајкрософт планираат да го вклучат и новиот прелистувач Спартан во мобилната верзија на својот оперативен систем. Прелистувачот се одликува со многу подобрувања и поголема брзина на работа од класичниот Интернет Експлорер и е клучно подобрување во Вин 10 OС. По се изгледа дека утре ќе дознаеме повеќе детали за новиот мобилен софтвер на технолошкиот гигант.