Виничиус по хет-трикот: Се надевам дека Бензема ќе ја освои „Златната топка“

од Vladimir Zorba

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор, го постигна својот прв хет-трик со тимот на белиот балет во победата од 6:0 над Леванте во меч од 36. коло на Ла Лига.

„Сите ми помогнаа многу да стигнам до ова достигнување. Му благодарам на Карло Анчелоти што ми дозволи да играм повеќе за да постигнам повеќе. Многу сум среќен. Ова е најдобриот начин да се подготвите за финалето на Лигата на шампионите во Париз на 28 мај. Анчелоти ме праша дали сакам да останам на теренот, а јас му одговорив дека сакам да постигнам хет-трик“, изјави младиот Бразилец по мечот.

„Моето разбирање со Карим Бензема е многу добро. Сакам да остане така додека не ја заврши кариерата, а се надевам дека тоа ќе се случи во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе ја освои „Златната топка“, бидејќи има одлична сезона. Тажен сум што Леванте испаѓа. Тие секогаш играат добар фудбал. Се надевам дека ќе се вратат наскоро“, прокоментира асот на мадридскиот клуб.

Слични содржини