Виничиус со ново признание по неговиот победнички гол во финалето на ЛШ

од Vladimir Zorba

Стрелецот на единствениот гол во финалето помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул – Виничиус Жуниор е прогласен за најдобар млад играч на сезоната во Лигата на шампионите.

За Бразилецот ова беше четврти гол сезонава на турнирот, на кој додаде шест асистенции, а единствениот играч со повеќе беше Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.

Виничиус е дел од гигантот од Мадрид од летото 2018 година, но во текот на оваа кампања конечно се наметна во стартниот состав и ја забележа својата најсилна кампања во дресот на „кралскиот“ клуб.

Слични содржини