Винсент Касел: Светот страда од недостаток на машкост

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Винсент Касел во новото интервју за „Гардијан“ признава дека не му се допаѓа начинот на кој се третира машкоста во денешниот свет.

Разговорот на актерот со репортерот ја допира темата за славната личност на Интернет, Ендрју Тејт, кој неодамна беше приведен во Романија под сомнение за трговија со луѓе, силување и создавање на организирана криминална група. Касел јасно стави до знаење дека иако многу од идеите на Тејт се фундаментално погрешни, има и такви кои не се целосно бесмислени. Така, актерот ја разбира желбата на поранешниот кикбоксер да ја „заштити машкоста“.

„Речиси е срамно да се биде мажествен во денешно време. Мора да бидете понежни, поранливи. Но, мислам дека ако сите мажи станат поженствени и ранливи, ќе имаме проблем“, вели Касел, додавајќи дека лажните идеи за мажественост и женственоста се ставаат во главите на луѓето од социјалните мрежи: „Погледнете што се случува. Нè хранат со лажни слики на Инстаграм и Титок. Мажите треба да бидат вакви, жените да бидат такви. Сето тоа е фантазија за сексуалноста. Забораваме дека главната работа е како се чувствувате во себе“, вели актерот.

На пример, Касел се осврна на фактот дека Холивуд често ја поврзува мажественоста со „напумпани мускулести тела“, иако тоа не е главната работа што му дава мажественост на мажот.

„Да се ​​биде маж не значи да се има планина од мускули. Тоа значи да се биде одлучен и да се преземе одговорност“, вели актерот.

Тој изрази надеж дека неговите зборови нема да бидат протолкувани како „мизогински“, бидејќи во личниот живот е опкружен главно со жени – мајка му, поранешната сопруга Моника Белучи, неговата сегашна сопруга Тина Кунаки и неговите три ќерки.

Слични содржини