Виртуелна шминка за неколку секунди

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Една од најголемите козметички компании во светот – јапонската Шисејдо разви специјална апликација Tele Beauty, овозможувајќи им на корисниците да си нанесуваат виртуелна шминка.shiseido-telebeauty-virtual-makeup-telecommuter-2

Со апликацијата тоа може да биде направено во рок од неколку секунди, додека во реалниот живот за тоа се потребни најмалку 15 минути.

Доволно е само да се вклучи камерата, да се скенира лицето и да се одбере видот шминка. На корисниците на Tele Beauty им се нуди избор од четири стила: “природна”, “свежа”, “кул” и “женствена”.