Висар Адеми за изборот на Стоилковиќ: „Ако треба волк да ви ги чува овците, се знае кој е исходот“

од Илинка Илиоска
5,5K прегледи

Мандатарот Христијан Мицкоски синоќа при откривањето на предлозите за министри во новата Влада го објави и името на претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоилковиќ. ВМРО-ДПМНЕ го предложи Стоилковиќ за вицепремиер и министер за односи со заедниците, функција која досега ја извршуваше Артан Груби.

Висар Адеми, економист и политички аналитичар, во изјава за Локално.мк го критикуваше овој избор, истакнувајќи дека тоа е продолжение на националистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ, која се демонстрираше за време на изборната кампања.

„Тоа е продолжување на националистичкиот подем на ВМРО, кои што го кажуваа цело време во изборна кампања и номинацијата на министри и номинацијата на вицепремиерот Стоилковиќ е токму тоа. Да ги омаловажува Албанците и да им го покаже местото на нивните коалициони партнери од ВЛЕН колку они имаат политичка тежина“, изјави Адеми за Локално.

Тој, изборот на Стоилковиќ  во чии раце ќе биде Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое има обврска да го одржува функционирањето на политичкиот систем и да ја координира поддршката на Владата во реализацијата на стратешките приоритети поврзани со обврските што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, изрази загриженост за политичката насока на Македонија под водство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако треба волк да ви ги чува овците се знае кој е ауткамот. И, ако ставате вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците човек кој ја глорифицира позицијата на Путин и на Србија, тоа се ви кажува во кој смер и во која насока ќе оди политиката во Македонија. Ама тоа е во согласност со национализмот којшто го диктира ВМРО цело време.  Јас очекувам дека ќе има тензии и реакци од Албанците. Но, најлошо од се е што ВМРО ја губи политичката теќина на ВЛЕН кои толку многу го промовира и толку многу го фалеа за време на изборната кампања. Се плашам дека ова ќе биде почеток на влегување на ДУИ на голема врата пак во политичката сцена во Македонија“, рече Адеми.

И.И.

 

Слични содржини