Vision Mercedes Simplex – футуристички автомобил со дизајн од 1901 година

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Дизајнерите на Mercedes работат напорно за да создадат нова генерација на автомобили што привлекува внимание со својот футуристички дизајн. Интересно е што наместо да гледа кон иднината, компанијата бара инспирација во далечното минато. Германскиот производител го претстави иновативниот Vision Mercedes Simplex, кој го доразвива дизајнот на Mercedes 35 PS од 1901 година, кој за прв пат беше прикажан јавно пред 118 години.

Моделот не беше избран случајно, бидејќи беше назначен како „прв модерен автомобил“ во светот, пренесува Engadget. Идејата зад Vision Mercedes Simplex е да понуди најдобра комбинација на популарниот дизајн од минатото и модерната технологија. Новиот автомобил дефинитивно се одликува со уникатен изглед, со тоа што предната решетка е заменета со 3D дисплеј на кој ќе има интерактивно лого на компанијата.

Самиот ентериер наликува на тоа како изгледале автомобилите пред еден век. Сепак, Mercedes се погрижи да обезбеди минималистички изглед и пристап до најновите технолошки иновации. Vision Mercedes Simplex е концепт што ги демонстрира можностите на дизајнерите на компанијата кои бараат алтернативни начини да се вратат на нивните корени. Дефинитивно визијата на моделот е незаборавна.