Вискито одлично оди со сирења, чоколадо, шницли…

од desk4
273 прегледи

Се зависи од аромата. Некој може да се изненади што вискито одлично може да се комбинира со риба, со школки, или пак со суши и ракчиња…

Кога станува збор за пошироката публика, жестоките пијалоци се сметаат само за добар пијалок после вечера или, пак, за одмор. Има и такви кои на снобовски начин вискито го  спојуваат со подобра пура.

Многу ретко некој ќе каже дека и храната може многу добро да оди со силните пијалоци. Високо квалитетното виски, нуди широк спектар на ароми и вкусови, што пак, овозможува поширок избор при спојување со храната.

Кога станува збор за месото, вискито одлично функционира со стекови, свинско, сувомеснати, јагнешко месо, а ако навистина сакате да ја следите традицијата на земјата на најдобрите вискии, тогаш тука е шкотското национално јадење, хагис.

И полесните меса, како на пример живината, исто така можат добро да се комбинираат со виски.

Сирењата се секако добра препорака. Чадените сирења очигледно добро одат со виски.  На пример чедарот би одел со посветло виски без поинтензивни ароми, а синото сирење со поароматични вискии, особено оние кои се подолго одлежени во буриња направени од дрво од вишна.

Вискито исто така може многу добро да оди со риба или школки. Например, полесните вискии кои имаат цитрусни и поовошни вкусови одлично одат со пушена бела риба или со печени и лесно зачинети ракчиња или суши.

Можете да изберете и варени школки на пареа или пржени ракчиња. Посилните ароми на виски се придружени со посилни вкусови на печена слатководна риба на скара како пастрмка или морски бас.

Вискито може да се со чоколади и слатки. Оваа комбинација може да биде навистина атрактивна и интересна. Особено што има многу слатки кои имаат некаков алкохолен пијалок или дури и виски во нивните рецепти. Тајната е во тоа што вискито се комбинира со чоколади кои ќе „покиснат“,со што ќе му ги превземе вкусот.

Ако се работи за виски со посветло тело, тогаш и чоколадото треба да биде посветло, на пример, млечно. Вакво виски најдобро би одговарало со овошни десерти направени од јаболка, во комбинација со карамела.

Средното тело“, бара и микс од млеко и темно чоколадо. Има и предлози овие виски да се комбинираат и со сладолед. Поамбициозните може да одат на мус.

Полните“ вискии бараат и посложени, занаетчиски чоколади, некои би рекле, дури и зачинети.

Слични содржини